Преку вашето однесување научете го детето да биде чувствителна и одговорна личност – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 8:22 PM

Преку вашето однесување научете го детето да биде чувствителна и одговорна личност

Однесувањето на возрасните кон детето влијае на неговиот развој, но и на неговиот однос кон останатите. Токму поради тоа, треба да внимавате како се однесувате кон детето  и воопшто кон луѓето во вашата околина. Детето го гпеда однесувањето на родителите и го усвојува, па и самото тоа се однесува на таков начин.

Бидете му пример

Експертите дошле до заклучок дека можете сите своите карактерни особини да му ги пренесете несвесно на своето дете, независно дали тоа е добро или лошо. Едноставно, децата ги „собираат“ карактерот и расположението на своите родители.

Понекогаш тие ја имитираат и нивната емоционална состојба. На пример, кога се смеете може и вашето дете да почне да се смее. Ако пак, детето има грчеви и плаче со часови најдобро е да останете смирени бидејќи децата може да го почувствуваат стресот на родителите. Кога имате новороденче, сосема нормално е да чувствувате умор. Во таква ситуација не е невообичаено да бидете „преплавени“ со емоции, но ако сте кон постојан стрес и сте депресивни, треба да побарате стручна помош.

Родителите кои се често депресивни не можат да им овозможат на своите деца стабилност, а тоа може да има штетни последици врз нив. Поради тоа, многу е важно цело време да делувате смирено и опуштено, за да може детето да ве перцепира како таква личност, па и тоа да биде такво.

Научете го да прави смислени работи

Како што ќе расте вашето дете, така ќе треба и низ секојдневните животни ситуации да му бидете пример, за да научи од вас важни работи за животот. Дури и најмалите лекции што ги учи од ден на ден можат да бидат плодотворни.

Истражувањата покажале дека луѓето што имаат некоја цел и го сметаат својот живот за значаен, многу помалку се соочуваат со депресија. Она што е исто така од голема важност, е да го научите детето да уживње во давањето и добивањето. Ова може да се претвори во некој вид игра. На пример, ако му дадете на детето некое овошје, дозволете му да ужива во гестот што ќе го направи со тоа што ќе го подели овошјето со вас. На овој начин, детето ќе сфати дека ако знае да даде ќе се направи среќно самото себе, но ќе ги направи средќни и другите. Овие мали знаци на внимание може да го поттикнат детето на чувствителност и грижа за останатите.

Како што ќе расте детето, така ќе биде добро да го учите да ги врши едноставните домашни обврски, како на пример местењето на столот откако ќе заврши со јадењето, или ставањето на валканата облека во корпата за алишта за перење. На овој начин, кај детето ќе се создаде чувство на придонес кон заедницата во која живе.

Она што е најважно е кон детето да се однесувате, така како што сакате тоа да се однесува во иднина и од вас да го „наследи“ однесувањето што ќе му послужи како темел да порасне во среќна и задоволна личност.

 

Извор: maminamaza.com