Знаете ли дека методот на гласно читање е клучна за развивање на читателските навики? Дали знаете колку е тоа важно за успехот на училиште и воопшто за стекнувањето нови знаења и вештини?
Гласното читање служи и како превенција за потешкотиите во читањето кои може да се јават во раното детство. Да не дојде до забуни, исклучително важно е да им читате на децата од сите возрасти, а не само на најмалите.
Фактите поради кои е важно читањето прочитајте ги продолжение:
Што порано ја осознаат вредноста на читањето книги, толку поголеми ќе бидат шансите понатаму да станат самостојни читатели
Гласното читање им помага на децата да го поврзат она што го гледаат и слушаат. Читањето на глас влијае позитивно на вокабуларот кај децата, но и го проширува нивното општо знаење.
Со оваа навика, ги запознавате децата со јазикот на книжевноста, кој значително се разликува од секојдневниот говор и од оној што го слушаат на телевизија.
Го поттикнувате фантазирањето кај децата за места, времиња и настани кои можеби никогаш не ги доживеале или запознале.
Се создава врска помеѓу детето и возрасниот кој му чита, па така со сигурност ќе имаат и повеќе заеднички теми за разговор.
Читањето на глас го поттикнува развојот на когнитивните способности кај децата.
И на крај, не помалку важно од претходно споменатите работи е тоа дека читањето на глас е забавно!
Извор: zenskikutak.hr