Повторно се пукало на семејна веселба – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 3:30 PM

Повторно се пукало на семејна веселба

Жител на село Октиси , не само што се веселел на семејна веселба во село Џепчиште, од среќа и пукал од огнено оружје.

„На 19.07.2020 во 16.50 часот во Полициската станица Џепиште било пријавено дека во с.Џепиште се слушнале неколку истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека во куќа, сопственост на Е.Е.(48) од с.Џепиште, при семејна веселба, Џ.И.(62) од с.Октиси испукал неколку куршуми од пиштол „Застава М-57“ кал. 7,62мм, за кој што поседувал дозвола,“ пишува во Полицискиот билтен.

Џ.И. бил приведен во Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, а пиштолот му бил одземен.