Гол и пијан младоженец славел ергенска покажувајќи го половиот орган на плоштад во Ровињ – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 2:56 PM

Гол и пијан младоженец славел ергенска покажувајќи го половиот орган на плоштад во Ровињ

Италијани облечени како легионери направиле хаос во Ровињ. Група млади луѓе од Италија, облечени како легионери, уапсени се во Ровињ поради начинот на кој славел ергенска вечер еден од нив.

Инцидентот се случил вчеравечер околу 20 часот на плоштадот Света Еуфемија во Ровињ, кога осум млади луѓе облечени како римски легионери, гласно славеле ергенска вечер, а најголемо внимание привлекол идниот младоженец на возраст од 31 година кој во видно алкохолизирана состојба одел соблечен и го покажувал неговиот полов орган, пренесува порталот „Глас Истра“.

Групата млади луѓе биле пријавени во полиција од една жена која на плоштадот се шеатала со нејзините деца, а полицијата ги ставила во марица и ги однела во полициска станица.

Како што се наведува, утврдено е дека проблем со законот имал само славеникот, кај кој е измерено 1,79 промили алкохол во крвта и против него ќе биде поднесена кривична пријава за прекршување на јавниот ред и мир.

Преземено од: https://www.b92.net/