Во Домот за стари лица во Радовиш седум штитеници и тројца вработени инфицирани од коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 1:21 PM

Во Домот за стари лица во Радовиш седум штитеници и тројца вработени инфицирани од коронавирус

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.

-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор, рече директорката Димитрова.

Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.