Популарниот фолк пејач Ѓоко Јовиќ, со „Енерџи бенд“ во саботата вечерта настапуваше во струмичкиот клуб, кој викендов беше во центарот на вниманието поради прекршени неколку правила од протоколот за заштита од корона вирусот. На социјалните мержи меѓу другото се критикуваат и организаторите и публиката, но и пејачот Ѓоко Јовиќ, кому по неколку месеци пауза во петокот му беше прв настап со „Енерџи бенд“ и кој, за mms.mk изјави дека тој е само пејач и како пејач бил дел од забавата во клубот.
-Немам што да кажам. Мојата улога во целата ситуација беше да пеам. Тоа и го сторивме со колегите од „Енерџи бенд“. Ништо повеќе. Ако ме прашувате за протоколите според кои треба да се однесуваат музичарите, ќе кажам дека што се оснесува до мене и до моите колеги се испочитува се како треба. Ние бевме на бина, одделени од публиката а и самите меѓу себе имавме дистанца. И тоа е тоа за нас музичарите. Јас викендов бев во Валандово и од таму заминав за Струмица на настап во клубот, но ќе кажам дека моите колеги од Скопје дојдоа со неколку автомобили, токму од тие причини, да се почитуваат протоколите, вели Јовиќ и додава:
„Јас ја почитувам публиката од струмичкиот регион и затоа дадов се од себе, во однос уметничкиот дел, тие да уживаат. А дека на бина сме биле на дистанца може да се види и од фотографиите и од видеата. Не напаѓам и не сакам да напаѓам никого, не сум јас тој што треба да каже како треба да биде. Пак ке повторам, нашата задача како ументици е да пееме и таа вечер тоа и го сторивме“, вели Ѓоко.
Весна Миленковска