Во штипската Клиничка болница се лекуваат 54 болни, се аплицира за монтажна болница – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 12:33 PM

Во штипската Клиничка болница се лекуваат 54 болни, се аплицира за монтажна болница

По рекордната бројка од 78 новозаразени од корона вирусот во Штип изминатиот викенд, на Инфективното одделение во Клиничката болница се лекуваат 54 пацинети со Ковид 19, од кои најголемиот дел се од Штип. Делот кај Детското одделение се подготвува за монтажна болница, која би профункционирала во септември.

На Инфективното одделение има пацинети од Ковид од целиот источен регион. Од нив 6-7 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Најголемиот дел се од Штип, како град со најголем број на заболени на 100.000 жители во државата, но има и од Свети Николе, Берово, Пехчево, Чешиново – Облешево. Најстариот пацинет е со над 80 годишна возраст и е од Домот за стари лица од Радовиш.  Инфективните пацинети, тие што не се заболени со Ковид, се третираат на Кожното одделение. Ова на прес конференција го соопшти директорот на Клничката боница, Ален Ѓеорѓиев, според кого, болницата има доволно ресурси и ден за ден ја решава ситуацијата со пацинетите, во зависност од потребите.

-На дневна основа ние испишуваме дел од пацинетите, кои што се негативизирале, кои се без симптоми, по што доаѓа друга група. Доколку се случи нагло да дојде голема бројка и да ги пополни нашите капацитети, ние во договорот со министерот тоа го расчистивме,  доколку има потреба од здравствена заштита, ќе биде упатуван во друга болница, изјави Ѓеорѓијев.

Болницата заедно со Општината Штип аплицира за монтажна болница, која биде се поставила во комплексот до Детското одделение, каде има празен простор. Ѓеоргиев вели дека ќе бидат потребни мали интервнеции.

-Тој простор може да се уреди со мали корекции. Треба да се зарамни тој простор, да се постави подлога, да се постават бараки, тоа се модули кои се надоградуваат и бројот на кревети се зголемува. Ние би можеле да дојдеме до капацитет од 50 кревити, објасни Ѓеоргијев.

Доколку се случи нагол наплив на пацинети, ќе се ноат во некои од другите ковид центри, иако засега бројката е стабилна и се движи околу 50. Болниците во Кочани и Велес имаат услови доколку има потреба да бидат нов ковид центри, но тоа е одлука на Министерството за здравство.

Ковидот го оневозоможи функционирањето на Мој термин. Сепак, пациентите со итна и неодложна потреба се третираат редовно. Се’ друго се одлага за некои други времиња.