Во Зимбабве од избивањето на епидемијата досега, за четири месеци се уапсени околу 105.000 луѓе поради кршење на мерките што ги воведоа здравствените власти на таа африканска земја за заштита од ширење на коронавирусот, соопшти полицијата. Само во последните два дена биле уапсени повеќе од 1.000 луѓе, пренесува ББС.
Во Зимбабве се воведени исклучително строги мерки иако бројот на заболените не е голем зашто од почетокот на епидемијата досега се заболени 1.500 луѓе, а починале 25. Целосното затворање на земјата предизика проблеми во стопанството, а инфлацијата во јуни достигна 785 отсто на годишно ниво
Критичарите ја обвинуваат власта дека тоа го прави за да го сузбие делувањето на опозицијата и ги апси нејзините активисти, поради што на 31 јули се закажани протести ширум земјата, со барање претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва да си поднесе оставка.