Шеесет и една година е најверојатно човекот кој настрадал во пожар во објект на лозје во Неготино, ова се првичните информации кои треба да се потврдат во текот на денот, дознава МИА.
-Во 09.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на периферијата на Неготино во лозов насад од полициски службеници бил забележан пожар на викенд куќа по што била повикана противпожарна единица кој го локализирала пожарот, а во викендичката било пронајдено човечко тело. За настанот е известен јавен обвинител и ќе биде извршен увид, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.