Деркоски: Како iVote 11 пати се договараше во четири очи со ДИК – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/20 1:25 PM

Деркоски: Како iVote 11 пати се договараше во четири очи со ДИК

Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија, во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 праша како на 11 избори по ред софтверско решение за резултатите го добивала иста фирма во „четири очи”, како што сега ја обвинуваат ДИК за апликацијата од „Дуна”. Иако да потсетиме на претходните избори немало никакви проблеми, а сега сајтот со резултатите не функцинираше. Како што велат од ДИК бил хакиран од над дваесет милиони адреси.

 Според Деркоски, договорот со „Дуна” бил постигнат низ постапка која траела цела година. Првиот пат се пријавиле Дуна и iVote и ја спуштиле цената – Дуна на 890 000 денари а iVote од почетните 4 800 000 денари на 1 190 000 денари. После тоа Државната комисија за жалби по јавни набавки ја прифатила жалбата на фирмата со повисока цена, но истовремено укажала и дека во тендерската спецификација која ја изработила комисијата за јавни набавки во ДИК премногу се фаворизира една фирма – iVote.

На барање на Комисијата биле спуштени критериумите и едната компанија дала понуда од 900 000 денари, а другата од 3 800 000 денари. Овој пат жалбата од поскапата понуда била отфрлена од Државната комисија за жалби.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски зборуваше и за потребата да се смени изборниот модел во една изборна единица, да се укине изборниот молк и прецизирање на финансирањето на политичкото рекламирање во изборна кампања во медиумите.