Фармацевтите од Универзитетот Мартин Лутер Хале-Витберг откриле нов начин на тестирање за коронавирус користејки ја техниката на масена спектрометрија. Од германскиот универзитет изјавија дека тестот е специфичен бидејќи мери протеински компоненти специфични само за новиот коронавирус – САРС-ков-2.
За да откријат нов начин на тестирање, научниците користеле раствор со кој луѓето заразени со коронавирус исплакнуваат уста. Како што наведоа, овој метод на тестирање во иднина може да го замени ПЦР тестирањето, кое масовно се користи ширум светот.
Текст: b92.net