Властите во нигериската сојузна држава Замфара, на северозападот од земјата, вчера вети дека ќе му даде по две крави на секој што ќе врати парче оружје. Целта на оваа понуда е завршување на вооружените напади од криминалните групи во тој дел од земјата. Во Нигерија со години делуваат вооружени групи кои напаѓаат и киднапираат, но и крадат стока.
Од 2011 година речиси 8.000 луѓе се убиени, а околу 200.000 ги напуштија своите домови заради тие вооружени напади само на северозападот на Нигерија.