Невербалната комуникација во деловниот свет – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 9:14 PM

Невербалната комуникација во деловниот свет

Изразот на лицето, движењето на рацете и нозете, положбата на телото, погледот…сето ова спаѓа во невербална комуникација. Факт е дека сите го користиме говорот на телото (овој вид комуникација сочинува речиси осумдесет проценти од нашата комуникација со светот), но тој генерално се одвива несвесно. Доколку станеме посвесни за сопствениот говор на телото, па и за говорот на телото на другите луѓе, ги зголемуваме шанските подобро да ги презентираме нашите желби и потреби, но и подобро да ги разбереме оние на останатите луѓе.

Владеењето на правилата за невербално комуницирање е особено важно во деловниот свет.

Во продолжение прочитајте кои од нив се клучни:

Доцнењето на разговор за работа или на деловен состанок е неприфатливо. Подобро дојдете порано и почекајте.

Кога ќе запознаете некого, гледајте го директно во очи. Кога се ракувате стисокот на раката нека биде цврст.

Внимавајте на држењето на телото. Додека разговарате гледајте го соговорникот право во очи, зашто во спротивно ќе оставите впечаток дека сте несигурни.

Доколку се обидувате на соговорникот да му објасните нешто, немојте претерано да гестикулирате со рацете. Не е препорачливо во текот на разговорот да го допирате лицето.

Бидете насмеани. Ведрината и насмевката значат отвореност и оптимизам.

За време на разговорот следете го изразот на лицето на соговорникот. Внимавајте на контактот со очите, држењето на телото и движењата воопшто.

Во деловната комуникација многу е важна уредноста. Не користете премногу парфем и не претерувајте со накитот.

Сепак, не дозволувајте со вниманието посветено на говорот на телото да се занемари она што го говорите, или она што вам ви го говорар. Вербалната и невербалната комуникација треба да се надополнуваат една со друга.

 

Извор: zenskikutak.hr