Двајца научници од Универзитетот во Оксфорд објавиле истражување во кое строго се спротивставиле на научниците кои во Англија евидентирале број на починати од Ковид 19.
Јун К. Лок и Карл Хенехан, статистичари од Оксфорд тврдат дека со бројот на починати од корона вирусиот во Англија се претерува бидејќи секој кој ќе почине, а никогаш не бил позитивен на Ковид 19, се смета како личност почината од корона, без оглед на вистинската причина за смртта.
„Пациент кој бил позитивен на корона вирусот, но се опоравил и пуштен е од болница, се смета дека починал од корона вирусот дури и ако после три месеци почине од срцев удар или ако го згази автобус“, истакнале Лок и Хенехан.
„Гардијан“ ги пренесе овие факти и истакна дека ова би значело дека бројките за бројот на починати од корона во Англија „значајно се претерува“.
На основа на овој научен труд, Мет Хенкок, британскиот министер за здравство, најави „итно преипитување“ на начинот на кој се бројат починатите од корона вирус.
Џо Марфи, политички уредник на „Ивнинг стандард“, ја објави оваа вест на својот профил на твитер и додал дека луѓето кои починале од природна смрт како и починати од корона вирус ако некогаш порано биле позитивни на Ковид 19 се сметаа како починати од Ковид.
„Не е јасно колку од смртните случаи се евидентирани на овој начин“, напишач Марфи.