Љубов на прв поглед за два дена ги однесе во брак- Манекенката Емилија Розман се сврши вчера за Стефан Ангелкоски, со кој се запознаа во вторникот – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 2:18 PM

Љубов на прв поглед за два дена ги однесе во брак- Манекенката Емилија Розман се сврши вчера за Стефан Ангелкоски, со кој се запознаа во вторникот

Познатата манекенка Емилија Розман(28) вчера се сврши со Стефан Ангелкоски, со кој се познаваа само два дена. Ова е уште еден доказ дека постои љубов на прв поглед и дека таа може и тоа како да спои две срца.  Емилија и Стефан свршеничкиот прстен го објавија вчера на Фејсбук, а така и ја открија нивната љубов. Тие за mms.mk ја раскажаа нивната куса, но силна љубовна приказна, за која и двајцата посакуваат да биде вечна.

 

-Во врска бевме само  24 часа откако Стефан ме побара за жена. Се се случи со молевита брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја испружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“  Јас реков- зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не ни успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце.  Секао реков –да, вели Емилија, која додава дека четири години била сама и љубовта и дошла преку ноќ.

И двајцата велат дека многу, ама многу се вљубени и дека се уште не се свесни како им се случило ова.  „Како и да е преубаво е“, велат вљубените. Можеби е чудно како во вторник да не се познавате а веќе во четврток да сте свршени, но тоа е, велат тие.

„Ќе си се запознаваме во брак. И да има врска и да нема шансите за вистинска љубов секогаш се 50: 50. Ние двајцата веруваме во вечна љубов“, вели овој тазе вљубен пар.

 

Дека од двете страни љубовта на прв поглед им ги смени животите потврдува и Стефан.

-Голема љубов. Не сум се чувствувал никогаш вака.  За два дена купив прстен и на Козјак ја побарав раката.  Ми се допадна бидејки е многу убава, премногу е убава, паметна и згодна.  Има добра душа. Таа е постојано насмеана а таков сум и јас, насмеан постојано и си одговараме, вели Стефан и додава дека меѓу себе се шегувале- „Најмногу  ни е поради детето, да биде црно со сини очи.“

Љубовта на Емилија и Стефан не ги изненадила само нив двајцата туку и нивните семејства. На шега велат дека мајка и на Емилија ги бркала со сукало. А татко татко му на Стефан се укочил. Но, секако дека сите им посакале среќа и вечна љубов. Во недела ќе се запознаваат семејствата и ќе падне договорот за свадба..

Весна Миленковска