Во последното деноноќие во Федерацијата БиХ се потврдени 122 нови случаи на коронавирус, а 96 случаи во Република Српска.
Со најголем број на новозаразени е Сараево каде се потврдени 37 нови случаи додека пак во Бања Лука има 14 новозаразени.
Од почетокот на пандемијата до сега во БиХ има регистрирано повеќе од 7700 случаи со коронавирус, а според достапни информации починале најмалку 243 луѓе.