Корона вирусот ја затвори вратата на Општина Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 11:07 AM

Корона вирусот ја затвори вратата на Општина Радовиш

Поради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен, Општина Радовиш денеска нема да работи, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

-Во текот на денешниот ден ќе извршиме дезинфекција на сите простории во општинската зграда, но и за време на викендот ќе ја следиме состојбата. В понеделник ќе видиме каква е состојбата и ќе информираме дополнително за понатамошното работење, рече градоначалникот Конзулов.

Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 10 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.

МИА