Монсунските дождови предизвикаа поплави во густо населените области на истокот на Индија. Загинаа стотина луѓе, а милиони се приморани да ги напуштаат своите домови и да одат во прифатни центри во екот на пандемијата на коронавирусот, соопштуваат индиските власти.
Поплавите предивикани од монсунски дождови не се новост во јужна Азија, но годинава Индија се соочува и со епидемија на коронавирус во која досега се потврдени околу еден милион заразни и 25.000 починати.