Со триковите на нашите баби до чист дом: Чистете без грижа на совест – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 8:14 PM

Со триковите на нашите баби до чист дом: Чистете без грижа на совест

Дали некогаш сте се запрашале што содржат средствата за чистење на вашиот дом? Сите хемиски средства за чистење содржат соединенија кои може да бидат многу опасни за вашето здравје, а на нив особено чувствителни се децата и домашните миленици. Средствата за чистење освен што штетно може да влијаат на човековото здравје, претставуваат и сериозен еколошки проблем. Нашите баби своите домови ги одржувале чисти без да користат хемиски средства. Со употреба на вообичаените состојки кои секој од нас ги има дома, направете безбедни средства за чистење.

Овие едноставни состојки се одлични за одржување на чистотата во домот и се безопасни како за вашето здравје, така и за околината:

Алкохолен оцет – ја уништува прашината, мрснотијата, ја елиминира непријатната миризба и ја омекнува облеката

Сода бикарбона – ги отстранува непријатните миризби и одлична е за чистење на теписите

Медицински алкохол – дезинфицира, ги чисти стаклата, огледалата и керамичките плочки

Сок од лимон – дезинфицира, го уништува бигорот и им дава свежина на проториите

Сол – ги апсорбира непријатните мириси и ги чисти бакарните садови

До чист дом со чиста совест

Состојките кои може да се најдат во сечиј дом може да се комбинираат на разни начини во „борбата“ против нечистотиите. Во продолжение прочитајте неколку корисни совети за чистење со нив

Универзално средство за чистење на различни површини

Истурете сода бикарбона на навлажнет сунѓер, или пак ставете мала количина на лимон пресечен на половина.  Може да додадете и неколку капки оцет. Со вака создадената комбинација слободно исчистете го бигорот во бањата или во кујната.

Цистење и освежување на теписите

Измешајте петнаесетина капки од вашето омилено етерично масло во една шолја сода бикарбона. Оставете ја оваа смесна да отстои во текот на ноќта, а потоа истурете ја на тепихот и по петнаесетина минути исчистете со правосмукалка.

Чистење на прозорците

Употребете неразреден алкохолен оцет при чистењето на прозорците во домот, а потоа истријте со хартија.

 

Фото: Thinkstock

Текст: she.hr