Десет начини како да ја разбудите љубовта кон самите себе – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 8:56 PM

Десет начини како да ја разбудите љубовта кон самите себе

За да им дадете љубов на другите прво мора да се сакате самите себе. Ако сте емоционално и ментално стабилна личност која има многу љубов за самата себе, тоа ќе се рефлектира и во односите со другите луѓе.

Без премногу размислување, секојдневно се грижиме за нашето тело, но не секогаш сме самосвесни и одговорни кога е во прашање умот. Создавањето одредени вештини кои значат грижа за самите нас секако одзема време и бара вложување труд, но тоа е многу важно за емоционалното и менталното здравје.

Во продолжение прочитајте какви навики би можеле да стекнете доколку сакате да се погрижите за вашиот дух.

Создадете место и време кога ќе го правите само она што го сака вашето срце. Тоа може да биде кафе испиено во друштво на пријателите, цртање, или прошетка во природа.

Медитирајте.

Сетете се што е тоа што ве радува. Размислете што сте сакале да правите во детските денови.

Вежбајте. Најдете некоја соодветна физичка активност, обрнувајќи на тој начин внимание на своето тело, но и на духор.

Спијте доволно.

Читајте книги.

Поврзете се и поминете квалитетно време со луѓето коишто ги сакате.

Иклучете се. Изгасете ги сите уреди (како лаптоп, телефон и слично) и уживајте во тишината.

Водете дневник.

Бидете емпатични како кон себе, така и кон останатите.

 

Извор: sensa.hr