Иконата на електронската музика од соседна Грција, артистот чии хитови сè уште се вртат на најпопуларните подиуми и радиостаници ширум светот – Никос Диамантопулос повторно доаѓа во Скопје. Гостувањето на Диамантопулос е закажано за утревечер, петок 17 јули, како дел од музичкиот серијал насловен „Intermеzzo Music Rituals“, во клубот „Интермецо“.
Ова не е прво гостување на Диамантопулос во Скопје, кој патем е вистински хаус-музички ветеран кој ѝ служи на музичката индустрија повеќе од 30 години. Тој во својата биографија има повеќе од 200 изданија, вклучувајќи четири албуми и соработува со најпознатите уметници.
Гостувањето на Никос Диамантопулос е само почеток на едно навистина жешко музичко лето и старт на серијалот гостувања на врвни диџеј имиња кои ќе застанат зад најжешкиот диџеј пулт во градот.


