Минимална е разликата меѓу најголемите македонски партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Штип, покажуваа првичните неофицијални резултати на Општинската изборна комисија (ОИК). Записникот, што пред малку е предаден во Државната изборна комисија (ДИК) покажува дека ВМРО ДПМНЕ освои 10141 гласа, СДСМ – 10077 гласа, односно разликата меѓу двете партии е 64 гласа. Трета е Левица со 1257 гласа , која во Изборната единица 3 освои едно пратеничко место, следи Граѓанско демократската унија (ГДУ) на штипјанецот Петар Колев со 624 гласа и Интегра со 353 гласови. Останатите учесници во изборите имаа освоено над сто и помалку од сто гласа.
Гласале вкупно 23112 граѓани, но дури 955 се неважечки ливчиња, што е речиси девет отсто од вкупниот број на невачки ливчиња во Македонија.
Со овие резултати, излегува дека Штип доби дури четворица пратеници, од кои двајца од ВМРО ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица.
Во Парламентот влегуваат координаторот на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов, кој беше втор на листата и Никола Мицевски, кому ова му е трет пратенички мандат. Од СДСМ влезе кардиологот Сашко Николов, втор на листата на коалицијата „Можеме“ и Борислав Крмов, носистел на листата на Левица во Тројката.
Во прeтходниот состав на Собранието, Штип го претставуваа само двајца пратеници, и двајцата од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Што се однесува до Изборната единица 3, според пресметките на асоцијјацијата МОСТ, ова е процентот на освоени гласови:
Изборна единица 3 – максимална маргина на грешка 1,4%
ДПА – 0,15%
Политичка партија Демократи – 0,2%
Коалиција Можеме – 42,67%
Левица – 4,55%
Алијанса за Албанците и Алтернатива – 0,78%
Глас за Македонија – 0,31%
Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,96%
Интегра – 1,7%
ДУИ – 2,44%
СДУ Скопје – 0,29%
Единствена Македонија – 0,31%
МОРО – Работничка Партија – 0,52%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 45,12%