Поранешниот грчки премиер и креатор на Преспанскиот договор, Алексас Ципрас, на Твитер му ја честита победата на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
-Благодарение на вашите напори, денес стана посилна пораката за храбри прогресивни сили кои се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион. Пораката не само за Балканот, туку за цела Европа, напиша Ципрас во пораката до Заев.