Апасиев и Крмов од Левица влегуваат во Парламентот – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 9:57 AM

Апасиев и Крмов од Левица влегуваат во Парламентот

Со над 38.000 освени гласови, партијата Левица доби два пратенички мандати и станува парламентарна партија. Ова се првичните партиски информации и проекции врз основа на досега преброените гласови. Извесно е дека лидерот Димитар Апасиев од Изборната единица 1 и Борислав Крмов носистелот на листата во Изборната единица 3, се новите пратеници од Левица.

Оваа партија на државно ниво освои 4,1% од гласовите, додека по изборни единици најлошо помина во Шестката со освоени 1,53%, најдобро во Единициата со освоени 7,32%. Во Тројката, од каде доби пратеник, Левица освои 4,55% од гласовите.

Димитар Апасиев е професот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, додека Крмов, кој е историчар на уметност, гласачите прв пат го знапознаа на Локалните избори во 2017 година, кога беше носител на листата на Левица во Штип.