Поплави во јужна Италија, двајца загинати: Многумина пливајќи ги напуштале автомобилите – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 9:53 AM

Поплави во јужна Италија, двајца загинати: Многумина пливајќи ги напуштале автомобилите

Во италијанскиот град Палермо на островот Сицилија поројните врнежи предизвикаа ненадејни поплави во кои животот го загубија две лица, Анадолија.

Според веста што ја објави италијанската новинска агенција АНСА (ANSA), во јужниот дел на земјата, во градот Палермо на островот Сицилија, ненадејните поројни врнежи од дожд синоќа во градот предизвикаа поплави. Додека во одделни делови од градот беа поплавени голем број улици, надојдените буици поплавија и голем број автомобили.

Во веста се наведува дека се удавиле две лица кои со сопственото возило заглавиле во подвозникот на булеварот „Реџионе“. Освен тоа, голем број луѓе, пливајќи биле принудени да ги напуштат своите возила кои во текот на движењето по улиците, биле зафатени од надојдената буица.

Две мали деца, од кои едното е деветмесечно бебе, добиле хипотермија кога поплавата го зафатила возилото во кое се наоѓале заедно со своето семејство и сега се наоѓаат под лекарски третман.

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо, соопшти дека во период покус од два часа градот бил зафатен од најинтензивните врнежи во својата историја.

Орландо изјавувајќи дека количеството дожд кое паднало во тој кус период е еквивалентно на просечните годишни врнежи, додаде: „Доколку претходно беше дадено предупредување, ќе преземевме адекватни мерки.“