Бројните нерегуларности се последниот крик на раководството на СДСМ, изјави Мицкоски откако гласаше денеска – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 8:38 PM

Бројните нерегуларности се последниот крик на раководството на СДСМ, изјави Мицкоски откако гласаше денеска

Денес е денот кога народот гласно ќе зборува, денес е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на гласачките места и од она коешто можеме да го забележиме е дека истиот е подготвен за една голема промена којашто ќе се случи токму денеска – изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако денеска го оствари своето право на глас.

„Сето она што се случуваше изминатите денови – бројните нерегуларности ќе останат сериозна трага што ќе биде еден вид слика на целиот изборен процес, но треба истите тие да знаат дека тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, коешто е во заминување. Тие ќе сакаат помала излезеност, ние ќе сакаме поголема. Очекувам дека до крајот на денот оние очајни обиди да се изигра волјата на граѓаните ќе бидат практично оневозможени“, посочи Мицкоски во изјавата за медиумите.