Како да се справите со паничните напади? Шест техники за нивно ставање под контрола – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 8:04 PM

Како да се справите со паничните напади? Шест техники за нивно ставање под контрола

Милиони луѓе ширум светот секој ден се борат со панични напади. Секој од нас може да се најде во ситуација која ќе му предизвика напад на паника: срцето почнува забрзано да чука, телото се препотува и се појавува вртоглавица – во еден момент сѐ е надвор од ваша контрола. Физичките симптоми на паничните напади понекогаш се многу силни и треба да се провери дали во позадина има друг здравствен проблем кој може да ја предизвик таквата состојба.

Ако доживеете напад на паника, прочитајте се кои се неколкуте најважни техники кои може да ви помогнат ситуацијата да ја ставите под контрола во тој момент.

Забавете и дишете

Повеќето луѓе всушност го задржуваат здивот кога се појавува чувство на вознемиреност, што може само да ги направи повеќе нервозни. Кога доживувате паничен напад, имате чувство како да мора да сторите нешто многу брзо за да се смирите, а со таа брзина, луѓето честопати делуваат нерационално и создаваат уште поголем проблем. Затоа, пред да донесете какви било одлуки, земете длабок здив и забавете! Вежбајте правилно дишење секој ден. Вдишете длабоко низ носот. Потоа издишете полека низ устата додека не почувствувате дека целиот воздух целосно излегува од вашето тело. Повторете ја оваа вежба неколку пати и ќе забележите промени во срцевиот ритам и напнатоста на телото.

Не седнувајте зад волан

Ако доживеете напад на паника, никогаш не треба да навлегувате во ситуации што можат да бидат ризични за вас и за другите. Возењето во овој случај може да биде опасно. Ако, од друга страна, во текот на возењето се случи напад на паника, веднаш тргнете се од патот и почекајте да се смири. Едно лице кое се бори со паника во моментот на напад не може да размислува рационално и да донесе правилни одлуки и во тој случај брзината на реакција на какви било опасности во сообраќајот е ослабена. Ако навистина ви треба помош, подобро е да повикате некој да ве однесе на лекар или само да контактирате со брза помош.

Носете лекови со вас

Ако ви е дијагностицирано некое од анксиозните нарушувања и веќе ви е препишан третман на лекување, секогаш носете ги лековите со вас, така што ќе бидете сигурни дека ви се достапни доколку ви се потребни.

„Ангажирајте“ го мозокот и преземете контрола

Во ситуации на паника, хормоните на стрес го преплавуваат мозокот и го предизвикуваат организмот да се бори. Во тој момент, мозокот се стреми кон опстанок и презема чекори за да излезе од ситуација во која се чувствува загрозено.  Обидете се да го „вклучите“ мозокот за да не се чувствувате како целосно да паничите.  Обидете се да користите вербално расудување („Еве го повторно нападот на паника Ќе биде тешко, но наскоро ќе заврши. Ќе бидам добро) или пак преземете активности за кои се неопходни моторички или когнитивни вештини (миење садови, броење наназад и тоа на странски јазик, сортирање на облеката и така натаму). Ваквите активности ќе му помогнат на вашиот мозок да ја преземе контролата.

Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите е да прошетате или да трчате. Движењето и вежбањето ќе ве опуштат и ќе се ослободите од тензијата и негативноста. Ако нешто ве спречува да прошетате, барем отворете го прозорецот и оставете малку свеж воздух во просторијата каде што престојувате.

Исклучете го телевизорот и одморете се

Ако гледањето вести ве вознемирува, престанете да ја гледате ваквата програма.Наместо тоа, одморете. Анксиозноста е исцрпувачка, па дури дваесет минути спиење може да ве смири и да ја врати изгубената сила.

Бидете свесни за вашата состојба

Нападите на паника често доаѓаат во форма на вртоглавица и останување без здив. Понекогаш луѓето сакаат да излезат од својата кожа во состојба на паника толку многу што само прават уште поголем проблем. Кога ќе се случи нападот на паника, освестете се дека ќе помине и дека сè ќе биде добро. Се разбира, ова нема да функционира секого, но понекогаш нападот на паника е неизбежен. Бидете свесни дека сте доволно храбри за да го преживеете и дека тоа нема да ве победи. По неколку минути, работите ќе се смират и ќе можете да воспоставите контрола врз ситуацијата.

 

Извор: krenizdravo.hr