Граѓаните во општините Ресен и Демир Хисар без проблеми и безбедно го остваруваат правото на глас и избор.
Заменик претседателката на ОИК, Ресен Ивана Гегараковска информира дека до 19 часот на сите 50 избирачки места вкупно гласале 45,2 отсто од евидентирани 16.580 избирачи со право на глас.
Непречено се одвива изборниот процес и во Демир Хисар – потврди претседателот на тамошната ОИК, Митко Јанкуловски.
„Во Општина Демир Хисар до 19 часот гласале 62 отсто од 7.041 полнолетни гласачи кои денеска гласаат на 36 избирачки места“, истакна Јанкуловски.