Од петок во Србија ќе биде задолжително носењето заштитни маски на отворено во околности каде не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот Штаб.
Носењето заштитни маски станува задолжително секаде каде што не е можно да се одржи растојание поголемо од еден и пол метар, како во редици пред маркети, постојките за јавен превоз и сл.
Овие одлуки ќе се применуваат на територијата на цела држава а не како што претходно беше случај – маски да се носат само во одделни градови во кои што имаше прогласено вонредна состојба.
Освен оваа мерка, забранети се собирите на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор.