Бугарски цариници заплениле десетина влекачи скриени во автобус – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 12:31 PM

Бугарски цариници заплениле десетина влекачи скриени во автобус

Бугарските цариници заплениле десетици егзотични влекачи и други животни што бугарски државјанин се обидел да ги шверцува на граничниот премин Калотина со Србија, објави денеска Националната царинска агенција.

Според бугарската новинска агенција Фокус, влекачите биле пронајдени во патнички автобус што влегол во Бугарија од Србија, а кој бил на редовна линија од Чешка до Бугарија. Автобусот пристигнал на граничниот премин во 6:45 часот. Влекачите биле пронајдени во вреќи во делот за багаж, а во нив имало шест змејови на Комодо, четири каимани, три питони, 15 камелеони, 49 желки, една скорпија, шест ракови, 10 полжави и многу црви и лебарки. Животните не биле пријавени на цариснките службеници.