(фото) Вардар повторно потемне – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 11:20 AM

(фото) Вардар повторно потемне

Реката Вардар по течението во Долно Лисиче потемне и ја доби истата, железна боја како во септември 2019 година, кога Арцелор Митал соопшти дека допло до пукање на системот, по што се излеала комбинација на железо и киселина.

-Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче, соопшти Инспекторатот на Град Скопје.

На 16 јуни во Вардар се случи еколошки инцидент, откако по течението кај Велес истече мазут од фабриката за масло „Благој Ѓорев“.