Три работи кои водат кон осаменост и несигурност во врската – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:24 PM

Три работи кои водат кон осаменост и несигурност во врската

Луѓето понекогаш може да се почувствува осамено во врската, а најчестата причина за тоа е недостигот на интимност. Една од работите за кои ретко се зборува, е осаменоста што луѓето може да ја почувствуваат иако се во романтична врска. Дури и оние кои се во брак имаат периоди на изолираност или несигурност. Во продолжение прочитајте кои се причините поради кои можете да се почувствувате осамено иако сте во врска или брак, но и што може да сторите за да го избегнете ова чувство.

Партнерите не изградиле вистински близок однос

Интимноста е чувство на сигурност во врската – емоционална и физичка. Таа овозможува пред партнерот или партнерката да ја покажете својата ранливост и да не чувствувате страв од страм и осудување. Многу парови веруваат дека изградиле близок однос уште на почетокот на врската, кога меѓусебното прифаќање е многу едноставно. Меѓутоа, дури кога на личноста ќе и биде потребна поддршка при одреден проблем, може да се види дали партнерот е вистински подготвен да ги прифати нејзините несовршености и потреби. Тогаш може да дојде до чувство на осаменост – ако партнерот не стои покрај вас кога тоа ви е најмногу потребно.

Што да направите? Градењето интимност е процес кој трае во текот на целата врска. Обрнете внимание на поддршката што ја добивате од партнерот/партнерката кога поминувате низ прблеми и кризи. Што порано објаснете дека очекувате поддршка, а доколку не можете да ја добиете во моментите кога тоа е важно, веројатно нема да се чувствувате исполнето во таа врска.

Партнерите имаат различни интереси

Изреката „спротивностите се привлекуваат“ не постои без причина. Многумина од нас ги привлекуваат луѓе што имаат поразлични навики и интереси. Потребно е многу трпение и љубов за да се прифати поразличниот начин на живот. Кога партнерите добро се согласуваат тие сепак може да најдат заеднички интереси и цели.

Што да направите? Прилагодете се на очекувањата. На почетокот можеби сте очекувале да имате повеќе заеднички интереси, но тоа не секогаш е така. Бидете активни во пронаоѓањето работи во кои би можеле заеднички да уживате. Исто така, корисно е да ја поддржувате личноста со која сте во врска, дури и за активностите кои вас не ве интересираат многу.

Постојат емоционални празнини кои не можат да се исполнат во врската

Поради различните животни искуства можеме да бараме потврда, комплимент или поддршка од другите луѓе. Понекогаш не сме свесни и не можеме да ги поврземе искуствата од минатото со моменталните чувства. На пример, ако личноста во текот на растењето не добила соодветна доза љубов и внимание, можеби подоцна ќе бара премногу од другите луѓе. Дури и раните од претходните врски може да застанат на патот кон преземањето одговорност за сопствената среќа. Потребно е да одвоите време за да поработите на минатите трауматични искуства. Ако сметате на тоа дека партнерот односно партнерката ќе ги исполни сите ваши потреби без да поработите на лечењето на вашите стари рани, може да се почувствувате осамено и разочарано.

Што да направите? Ако од партнерот добиете потврда дека имате нереални очекувања и потреби, размислете дали можеби е во право. Чувството на постојана осаменост значи дека можеби би требало повеќе да работите на себе за да имате самопочит и да научите да се сакате без потреба за потврда од другите луѓе.

 

Извор: zena.hr