Зелката го спречува пробивот на коронавирус, убедени се француските научници – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 10:13 AM

Зелката го спречува пробивот на коронавирус, убедени се француските научници

Тим истражувачи од Универзитетот во Монпелје во Франција откриле врска помеѓу зелка и малата смртност на коронавирус. Ова го објави „The Sun“. Научниците се убедени дека зелката може да биде производ што го „убива“ коронавирусот. Откриле дека стапката на смртност на коронавирус е мала во земјите што сакаат зелка. На пример, во Германија и Јужна Кореја.

Експертите исто така забележаа дека зелката содржи корисни антиоксиданти. Во киселата зелка, откриени се соединенија кои ја зголемуваат заштитата на телото од патогени микроорганизми и го спречуваат тешкиот тек на коронавирус .

Но, сепак, додека откритието на научниците не се потврди, при првите симптоми на коронавирус посетете лекар..

Извор: здраве.то