(видео)Родители сексуално си ги злоупотребиле децата од 6,4,3 и 2 години – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 4:58 PM

(видео)Родители сексуално си ги злоупотребиле децата од 6,4,3 и 2 години

Деца на возраст од шест, четири, три и две години биле сексуално злоупотребувани од страна на нивните родители, во трошната семјена куќа во унгарскиот град Керепеш, додека нивната баба ги охрабрувала во тоа.

Според унгарските медиуми, доколку некое дете ќе собрело храброст и ќе одбие, родителите го претепувале и го влечеле за коса, а потоа продолжувале да го злоупотребуваат.

Полицијата уапси тројца членови на семејството, додека мајката и таткото се обвинети за сексуална злоупотреба на нивните четири деца. Бабата е осомничена за поттикнување, пренесува порталот „Блик.ху“.

Според медиумите, полицијата вчера насилно влегла во куќата во Керепеш. 27-годишната мајка и 30-годишниот татко не биле најдени на местото каде се случувал секојдевниот ужас.  Полицијата ја уапси 57-годишната баба, а родителите сами се пријавија во полиција, откако слушнале дека е издадена потерница по нив.

Според истрагата започната кон крајот на октомври 2019 година, Маријана М. и Золтан Л. ги терале своите деца на возраст од шест, четири, три и две, со кои спиеле во ист кревет, да имаат секс со нив неколку пати на ден.

Бабата Јожефна Елемер е обвинета дека ги натерала да го сторат тоа. Исто така, децата мораа да останат во кревет додека Маријана и Золтан имаат секс.

Исто така, Маријана и Золтан постојано ги принудувале децата да питачат заедно со нивниот брат, кој во тоа време имал едвај еден месец. Тие, наводно, им кажале на луѓето дека се болни и им требаат храна и пари.

Децата се одземени од нивните родители и се дадени на посвојување.

Осомничените се во притвор.


Телеграф.рс.