Женски труп, во распаѓање, пронајден во стан во центарот на Велес – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 4:09 PM

Женски труп, во распаѓање, пронајден во стан во центарот на Велес

Телото на починатата Р.И (65) години го пронашла полициска екипа, помогната од пожарникарите од Територијалната протипожарна единица, денеска околу пладне. Тие влегле во станот на жената што се наоѓа на ул: „ 8 Септември“ број 23 по пријава од соседите на неподносливата смрдеа што доаѓала од станот во зградата што велешани ја нарекуваат „свиларска“.

На лице место била повикана и екипа на Итна помош на Здравствен дом Велес.

-Телото на жената беше во распаѓање и немаше знаци на насилство. Почината е од природна смрт. Тоа го констатирав одговарајќи на повикот за итна помош, рече д-р Марјан Мишев.

Според соседите жената живеела сама и била болна.

Јавен Обвинител одлучил телото на починатата велешанка да биде предадено на семејството.