Барселона го нуди Кутињо насекаде, Арсенал и Њукасл најзагреани – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 3:16 PM

Барселона го нуди Кутињо насекаде, Арсенал и Њукасл најзагреани

По напуштањето на Ливерпул, фер е да се каже дека кариерата на бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е во надолна линија и дека тој не успеа да се адаптира во Барселона и Баерн Минхен. Поради тоа, но и поради тешката финансиска ситуација со која се соочува каталонскиот клуб, Барселона се обидува ова лето да се ослободи од него, за да може да си дозволи нови аквизиции.

Да, Барселона е една од најтешко финансиски погодените екипи во фудбалска Европа и мора да продава, за да купува. Нивната желба за засилување на нападот, пред сѐ се мисли на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, условена е од потенцијалната продажба на непотребните фудбалери во ростерот за следната година.

За Кутињо постои интерес од Премиер Лигата, а како најзагреани за неговите услуги се споменуваат Њукасл и Арсенал. Дваесет и осумгодишниот Бразилец е отворен за враќање во најдобрата лига во светот.

Според шпанските и англиските медиуми, Арсенал е подготвен да му понуди првотимски статус на плејмејкерот и солидна плата, додека пак во Њукасл, без двоумење Кутињо би претставувал ѕвезда број еден во тимот.