ИЈЗ анализа – Штип со највисока стапка на заразени со коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 12:11 PM

ИЈЗ анализа – Штип со највисока стапка на заразени со коронавирус

Според последниот извештај на Центарот за јавно здравје до 12 јули во државава има регистрирано 8.197 случаи на ковид-19 во 32 града. Во периодот од 6 до 12 јули најмногу заболени со ковид-19 има во Скопје. По него следуваат Тетово, Свети Николе, Гостивар и Штип.

Во овој период има и 36 починати лица од кои 17 се во Скопје, а потоа со шест смртни случаи следува Тетово. Од починатите, 35 биле хоспитализирани, а еден починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.

 

 

Најмногу заболени на 100.000 жители се регистрирани во Штип и Ресен, а најголем морталитет се регистрира во Струга, Тетово и Куманово.