„Ништо не се случи, обилен информативен разговор“, вели директорот на Скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, кој вчера беше повикан во полиција, во Секторот за економски криминал, поради објава на неговиот Фејсбук профил. Тој вели дека ништо посебно не се случило и дека биле максимално коректни кон него.
-Ми се јавија, ме викнаа и јас секако отидов во Секторот за економски криминал. Ме прашаа дали е мој профилот на Фејсбук, што секако потвдив дека е мој. Потоа ме прашаа твоја ли е објавата, на што реков дека не е моја и дека ја превземав и ја споделив од друг. Седевме скоро еден час и ништо не се случи. Направен е запизник и толку. Чисто информативен разговор. Ме прашаа и зошто, на што јас реков дека е шега, дека се пошегувави навистина не знаев дека тоа би влијаело на гласачаи. Го превземав некаде од Фејсбук, не знам од кој беше. Коректно беше се, ништо не се случи, навистина беа културни и професионални, не можам да се пожалам, вели Галетановски.