Србија сепак го откажа „Егзит“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 11:15 AM

Србија сепак го откажа „Егзит“

Српскиот музички фестивал „Егзит“ годинава нема да се одржи иако датумот еднаш беше одложен од јули за во август.

Организаторите на фестивалот информираа дека поради ситуацијата со коронавирусот донесена е одлука фестивалот целосно да се откаже.

– За жал здравствената ситуација во Србија се нема подобрено, а знаејќи дека здравјето и безбедноста ни се на прво место, дваесетгодишнината од „Егзит“ нема да се одржи од 13 до 16 август на Петроварадинската тврдина. Датумите за „Егзит“ 2021 ќе ги објавиме до крајот на овој месец“, пишува во известувањето од организаторите.

Претходно во мај српската влада донесе одлука фестивалот да се помести наместо да се откаже.