Ердоган во Аја Софија поставува имам од Босна: Полека се брише Ататурковото наследство – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:37 AM

Ердоган во Аја Софија поставува имам од Босна: Полека се брише Ататурковото наследство

Откако Врховиот суд на Турција ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која Аја Софија беше претворена во музеј, турскиот петседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Аја Софија официјално за молитва ќе биде отвореа на 24 јули. Првиот имам на повторно отворената џамија Аја Софија ќе биде Ферух Муштуер, кој по потекло е Бошњак и течно зборува босански јазик и често доаѓа во БиХ, пишува загрепски „Вечерњи лист“.

„Со одлуката Аја Софија повторно да биде џамија, Ердоган симболично Турција ја враќа неколку векови назад. Ова е само еден од низата потези со кои веќе со години го сопира процесот на модернизација, го брише Ататурковото наследство и ја оддалечува Турција од Европа“, вели за „Вечерњи лист“ Божо Скоко, аналитичар и професор на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб.

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски размислува слично.

„Ердоган симболично го прави истото што и рускиот претседател Путин кога сака на Запад да му испрати некаква порака, па затоа на функции поставува и луѓе по потекло надвор од Русија, од поранешниот СССР. На тој начин го потсетува светот до каде се’ била Русија. Со поставувањето на Бошњак за имам и со слични потези, и Ердоган, исто така, како да сака да каже до каде се’ била Турција кога Аја Софија била централен храм – речиси до Виена, вклучувајќи ги балканските земји“, смета Пуховски.