Триесет и двегодишен Јапонец неодамна е уапсен откако бил фатен како и’ ги дупчи гумите на една убава девојка. Истрагата утврдила дека таа девојка не е прва, туку можеби илјадита по ред на која и’ ги издупчил гумите, бидејќи тоа му бил начин на приоѓање кон поубавиот пол. Откако ќе им ја продупчел гумата, секоја девојка ја следел со автомобил по патот и потоа „доброволно“ се понудувал за помош. Кога ќе им ја заменел гумата, барал телефонски број или, едноставно, прашувал дали би излегла со него.
Тоа траело долго, до една негова фатална грешка откако на една иста жена двапати и’ ги дупчел гумите. Првпат тоа му се случило пред една година, а потоа и неодамна. Тој заборавил, но девојката успеала да се присети дека истиот маж и лани и’ „помогнал’, па го пријавила во полиција. Интересно е што Јапонецот не завршил во затвор, туку само на неколку жртви им платил отштета.
Има и нешто полудо во приказната – и покрај толку издупчени гуми, „итриот“ Јапонец не успеал да заведе ниту една од жените.