Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули нема да мора да одат во задолжителна 14-дневна изолација, туку ќе треба да имаат негативен ПЦР-тест или да потпишат изјава дека ке се тестираат во рок од три дена по влегувањето во земјата, објави Федералната служба за здравствена заштита.
Освен за патниците од странство, одлуката важи и за руските граѓани кои пристигнуваат во земјата.


