Од трагедиите да учиме да не страдаат идните генерации, Шербеџија со порака до оние кои му замерија за Сребреница – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 8:06 AM

Од трагедиите да учиме да не страдаат идните генерации, Шербеџија со порака до оние кои му замерија за Сребреница

Раде Шербеџија ја испрати поддршката на демонстрантите во Белград преку Фејсбук, но некои му замерија што го стори тоа на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Поради тоа Шербеџија се огласи на социјалните мрежи.

„Дури денес стасав повторно да го отворам Фејсбук и видов забелешки дека ја испратив мојата порака за поддршка за мирни демонстрации во Белград на денот на комеморацијата на ужасното злосторство и геноцид извршено во Сребреница. Јас сум човек кој претежно не гледа телевизија, читам весници многу нередовно и многу често ги заборава деновите од неделата или датумите во месецот, особено кога работам. Едноставно  не знаев дека претходниот ден се одбележуваше сеќавање и жалење за тоа ужасно злосторство. Секако, зачуден сум од фактот дека во денешно време, кое се гордее со напредокот на човечката мисла и цивилизација, можеше да се случи такво брутално злосторство …  Со датумите лошо стојам, но не е суштината на датумот,  туку во она што човекот го носи во себе и како делува секој ден во годината. За жал, кај нас, овие трагични датуми најчесто ги користат политичарите за нивни манипулации и промоции. И сигурно е дека треба да ги спомнеме Сребреница и Сараево и Вуковар и Јасеновац … И уште многу вакви трагедии, да не се забораваат, со надеж дека ќе научиме нешто и дека идните генерации нема да страдаат … Јас  со својата работа и живот, колку што знам и можам, се обидувам да придонесам за надминување на траумите, да се подигаат и создаваат нови мостови на пријателство и да престане насилството во овие наши простори“, ​​напиша Раде и додаде:

https://www.facebook.com/radeserbedzijaofficial/posts/1399461436909054

„Еве ви испраќам едно многу старо видео кое мојот драг пријател ми го испрати од Белград за да ме потсети на она што го направивме во ’96 година кога луѓето беа на улиците на Белград…’ само полека, мирно и никако поинаку ’… се надевам дека ќе дојдат некои подобри денови за Србија! “, напиша Шербеџија  за објавата за која некои му замерија.“

https://www.facebook.com/radeserbedzijaofficial/videos/654013158520142/