Време: Сончево – денес до +29, утре, на изборниот ден, до +32 – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 5:48 AM

Време: Сончево – денес до +29, утре, на изборниот ден, до +32

Сончево со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 29 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

И во следните времето ќе биде сончево со благ пораст на температурата, која утре, на изборниот ден се очекува да достигне до +32. В петок кон крајот на денот и в сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.