Имунитетот на коронавирусот најверојатно трае само неколку месеци – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 4:43 PM

Имунитетот на коронавирусот најверојатно трае само неколку месеци

Нова студија на лица кои се заразиле и одздравеле од коронавирусот дава показатели дека имунитетот на вирусот е краткотраен, објави „Би-Би-Си“.

Научниците од лондонскиот Колеџ „Кинг“ проучувале како телото природно се бори против вирусот создавајќи антитела и колку долго тие остануваат во организмот по оздравувањето.

Речиси сите 96 луѓе во студијата, по оздравувањето имале доволно антитела што можат да го неутрализираат и да го запрат коронавирусот, но нивното ниво континуирано опаѓало во текот на тримесечната студија.

Се’ уште е непознато дали ваквиот пад на антителата не прави повторно подложни на вирусот. Слични вакви краткотрајни одговори може да се забележат ипри други вируси како при обичната настинка – со што постои можност повторно да се реинфицира со вирусот.

Меѓутоа дури и ако оздравените се без доволно антитела, тоа не мора значи дека немаат имунитет. Антителата не се единствената можност за заштита, бидејќи како што се наведува човечките тела исто така можат да произведат Т-клетки за да се одбранат од напаѓачите.

За подобро разбирање сепак се потребни подолги студии за да се истражи што би можело да се случи кога луѓето повторно ќе дојдат во контакт со вирусот по втор или трет пат – дали би се инфицирале повторно или нивните тела сепак се подготвени да се изборат бидејќи веќе еднаш го направиле тоа.