Реципрочна мерка – Mакедонците во Косово само со негативен ПЦР-тест – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 2:59 PM

Реципрочна мерка – Mакедонците во Косово само со негативен ПЦР-тест

Македонските државјани ќе можат да влезат во Косово само со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, одлучи косовската влада. Со одлуката покрај Македонија, опфатени се и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Исклучени од оваа одлука се граѓаните кои ќе влезат преку аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина. Тие нема да мораат да приложат негативен тест, но ќе треба да потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од три часа.

Патниците кои транзитираат исто така нема да мораат да имаат негативен ПЦР-тест, но ќе мора да потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од пет часа.

Со одлуката не се опфатени граѓаните од овие три земји кои имаат косовско државјанство.

Македонија минатата недела воведе задолжителен ПЦР-тест за влез во земјата на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и БиХ.