Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство врз три лица.
Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност. Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, осомничениот го сторил кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена.