„Зелена лупа“ бара разрешување на судиите Ѓорчева, Васиљевска и Скендер – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 1:29 PM

„Зелена лупа“ бара разрешување на судиите Ѓорчева, Васиљевска и Скендер

Здружението „Зелена лупа“ поднесе иницијатива за разрешување на тројца судии од Апелациониот суд од Скопје. Преку овие иницијативи, се бара одговорност за судиите Гордана Ѓорчева како претседател на советот на Апелација, Радица Васиљевска и Фатмир Скендер како членови на советот. Судиите се повикани на одговорност за сторено грубо  прекршувања на законот со  нестручно и несовесно работење во случај – Срѓан Захариевски против ФК Силекс.

„Зелена лупа“ во анализа на овој случај смета дека Судечкиот  совет при Апелација пресудува спротивно на одредбите на Законот за спорт и Законот за извршување и поништува одлуки на сите претходни судски инстанци кои своите одлуки ги донеле согласно закон.

-Овие судии со прекршување на законот за спорт донесен 2011 година ја овозможија намерата на тогашната влада за бесплатно превземање и избегнување на плаќање на  долговите-обврските кон доверителите согласно законот (во комбинација со новиот закон за ослободување од данок) и бесплатно водење на популарни спортски клубови на до неа блиски бизнисмени. Ова позади себе остави многу фудбалери, ракометари, кошаркари и тренери како и правни лица добавувачи и агенции да не можат да си ги наплатат своите побарувања од клубовите со вкупна вредност од неколку милиони евра. Во конкретниот случај Судија Ѓорчева со нејзиниот совет ,,покрива„ измама од страна на ФК Силекс кој присвоил повеќе од 300.000 евра кои му припаѓаат на фудбалерот Захариевски,што е констатирано од сите претходни судски инстанци во процес кој трае 20 години, стои во образложението на „Зелена лупа“.

По иницијатива на Здружението, беше поведена постапка и утврдена одговорност за нестручно и несовесно водење на судската функција, беа разрешени судиите Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски од Врховен суд и поранешниот претседател на Врховен суд  Јово Вангеловски.