(Галерија) Излетничкото место крај браната Козјак претворено во депонија! – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 1:59 PM

(Галерија) Излетничкото место крај браната Козјак претворено во депонија!

Ова е погледот на кој многумина му се воодушевуваат. На само нешто повеќе од 50 километри од центарот на Скопје, ќе може да уживате во природата, под борова дебела сенка, но и поглед кон вештачкото езеро Козјак кое  всушност и најголемото во нашата држава.

Ова место изминатиот период стана вистинска атракција за одмор и релаксација со вашите најблиски. Уживаш во природата, и се воодушевуваш во погледот.


Ова е погледот во кој уживаат Скопјани и сите оние рекреативци кои слушанле или пак виделе фотографија токму од ова место и посакале да го посетат. Но не е само убавиот поглед, пред да дојдете до видикот кој ќе ве воодушеви ќе сретнете голема количина на отпадоци за која посетителите очигледно не се ни грижат.

Пред да свртите лево и да се изгубите во боровата шума, ќе го сртетнете овој застарен објект кој некогаш служел за трафика, а денеска е само обично парче железо, оставено среде пат да послужи на несовесните како канта за отпадот. Жалосно е што тој отпад се шири насекаде по патот, тревата и дрвата, доволно е да дувне ветер и да се разнесе насекаде.


Понатаму кога завлегуваш во шумата ќе забележиш фрлени шишиња, закачени ќеси со отпадок, остатоци од пепел каде рекреативците со умисла ја оштетуваат природата со цел да го нахранат својот стомак, и доаѓате до еден преполн контејнер. Слика која навистина боли, и не само што боли туку и мириса.


Малку понатаму скрешн стол кој ете токму тука завршил веднаш под дрвото. Тука де се скришил!

Случајните совесни рекреативци кои ги сретнавме велат дека ваквата слика на Козјак изгледа многу грдо. Порака која ја искраќаат е дека секој треба да внимава каде завршува неговиот отпадок, и прашуваат дали некој се грижи за оваа локација. Има само еден и единствен контејтер, кој е преполн а покрај него расфрлани ќеси со отпадок.


Овој текст го почнавме со убава фотографија за прекрасниот поглед на Козјак, доколку сакаме да ја зачуваме оваа убавина, бидете совесни, доколку нема каде или доколку кантата за отпадок е преполна, понесете си го ќесето со ѓубре дома. Кога ќе стасате до најблиската канта за отпадок фрлете ја, нема да ве чини ниту време, ниту пари, а на крајот совеста ќе ви биде чиста!

Габриела Додевска