Не постои љубител на коридите на Балканот кој не слушнал за бикот Медоња, повеќекратен шампион на Чевљанската корида и веројатно најсилниот бик на Балканот. Негов сопственк е Хабиб Бјелиќ од Олово, пишува сараевски „Аваз“.
Фановите на борби на бикови ќе мора да почекаат подобри времиња кога повторно ќе можат да ги гледаат дуелите на горостасите зашто коридите со откажани поради состојбата со пандемијата на коронавирусот. Така, откажана е и Чевљанска корида, на која Медоња беше апсолутен владетел.
Вредноста на овој шампион во средна категорија е проценета на околу 10.000 конвертибилни марки.
„На сите љубители на бикови и на кориди им е познато дека Медоња одамна е највреден бик на Балканот. Некои ми нудеа високи цифри, но не би го продал ни за 50.000 евра. Медоња е наша гордост. Тој е роден шампион. Бик кој нема цена,а ни конкуренција во БиХ, па и на Балканот. Редовно тренира и има посебна исхрана. Најмногу сака мед и банани и тоа го добива двапати седмично“, раскажува сопственикот Хабиб Бјелиќ – Хабичиќ.